СООБРАЌАЈНА СЛИКА ЗА 24 СЕПТЕМВРИ Мирен тек и предупредување за клисурите и котлините
Сообраќајна слика за 24 септември: мирен тек и предупредување за клисурите и котлините

Фото: Национал
Денеска (24.09.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајна слика за 24 септември: мирен тек и предупредување за клисурите и котлините
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
CATEGORIES Македонија


