СООБРАЌАЈКА КАЈ КИЧЕВО – повредени деца и патници од автобус

На магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на селото Длапкин Дол, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.

СООБРАЌАЈКА КАЈ КИЧЕВО – повредени деца и патници од автобус

На 17 август 2025 година околу 10 часот на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај селото Длапкин Дол, се случила сообраќајна несреќа меѓу „Ауди“, „Форд“ и автобус „Сетра“.

Со тешки повреди се здобил деветгодишен патник од Турција во автобусот, а со полесни повреди четири лица: уште еден патник од Турција, 13-годишно дете и 46-годишна жена од Скопје, како и 11-годишно дете од село Стрелци.

Повредените се пренесени во Медицинскиот центар Кичево. Увид извршила екипа на ОВР Кичево, а причините за несреќата се утврдуваат.

CATEGORIES
Share This