СОБРАНИЕТО ЌЕ ДОБИЕ НОВО ЛОГО – Распишан јавен конкурс

Секој учесник има право да поднесе најмногу три идејни решенија за лого. Понудите треба да ги содржат главните елементи наведени во конкурсната документација, како и да ги исполнуваат утврдените критериуми.

СОБРАНИЕТО ЌЕ ДОБИЕ НОВО ЛОГО – Распишан јавен конкурс

Собранието на Репулика Македонија објави јавен конкурс за изработка на нов заштитен знак (лого), со цел да го модернизира и изедначи својот институционален визуелен идентитет. Новото лого треба да ги одразува националните вредности, како и мисијата и визијата на законодавниот дом – соопшти собраниската прес служба..

Според условите на конкурсот, дизајнот на логото мора да биде уникатен и досега неупотребуван. Авторите се обврзани да обезбедат ексклузивност на дизајнот и да гарантираат дека нивното идејно решение нема да повредува какви било интелектуални права.

Секој учесник има право да поднесе најмногу три идејни решенија за лого. Понудите треба да ги содржат главните елементи наведени во конкурсната документација, како и да ги исполнуваат утврдените критериуми.

​Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.

За повеќе информации и детали околу конкурсот, заинтересираните можат да ја посетат официјалната веб-страница на Собранието:

CATEGORIES
Share This