СО „ТРАНСФОРМАЦИЈА НА СЕТИЛАТА“ ЗАПОЧНУВА 65-то ОХРИДСКО ЛЕТО – Годинава фестивалот го носи слоганот „Уметноста трансформира“

Фестивалот ќе започне со импресивниот музичко-визуелен спектакл „Трансформација на сетилата“, кој ќе ги спои звуците на Македонската филхармонија со уметнички перформанси од гости уметници од САД.

СО „ТРАНСФОРМАЦИЈА НА СЕТИЛАТА“ ЗАПОЧНУВА 65-то ОХРИДСКО ЛЕТО – Годинава фестивалот го носи слоганот „Уметноста трансформира“

Вечерва, во магичниот амбиент на Античкиот театар, ќе се отвори 65-то издание на фестивалот „Охридско лето“, еден од најзначајните културни настани во земјава и регионот. Годинава фестивалот го носи слоганот „Уметноста трансформира“, нагласувајќи ја трансформативната моќ на уметноста врз поединецот и општеството.

Фестивалот ќе започне со импресивниот музичко-визуелен спектакл „Трансформација на сетилата“, кој ќе ги спои звуците на Македонската филхармонија со уметнички перформанси од гости уметници од САД. Овој настан претставува симболичен почеток на програмата што годинава обединува класичен и современ уметнички израз.

Во текот на фестивалските денови, од 12 јули до 20 август, љубителите на културата ќе имаат можност да уживаат во богата програма составена од концерти, театарски претстави, танцови перформанси и изложби, на кои ќе настапат еминентни уметници од земјава и од светот.

Фестивалот ќе биде свечено затворен на 20 август со изведбата на трагедијата „Електра“, во режија на Дејан Пројковски – продукција која ветува моќно сценско доживување и достоен завршеток на ова јубилејно издание.

Со својата долгогодишна традиција и стремеж за иновација, Охридско лето уште еднаш го потврдува својот статус како централна сцена на културната мапа на Македонија и пошироко.

CATEGORIES
Share This