СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС – До 15 обвинители ќе го застапуваат предметот

Обвинителството ангажира дополнителни обвинители за непречено водење на процесот.

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС – До 15 обвинители ќе го застапуваат предметот

Истрагата за полициските службеници поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која требаше да заврши до крајот на септември, сè уште трае поради одложувања во сослушувањето на сведоци. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека јавнообвинителската одлука се очекува на почетокот на наредниот месец.

За службениците од УЈП, Коцевски појасни дека во тек е предистражна постапка во ОЈО Кочани, при што се спроведуваат конкретни дејствија по наредба на надлежниот обвинител.

Судењето за случајот „Пулс“ ќе започне следната недела. Коцевски нагласи дека обвинителството е подготвено и екипирано, а обвинението ќе го застапуваат истите обвинители кои работеа и досега на предметот. За да не дојде до застои во процесот, ќе бидат ангажирани уште неколку обвинители, со што вкупниот број може да достигне до 15.

„Ќе се погрижиме постапката да не се одолговлекува и секогаш да има обвинител во судница“, истакна Коцевски пред седницата на Советот на јавни обвинители.

CATEGORIES
TAGS
Share This