СЛАБ НАСТАП НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН Зборуваше за сè, само не за Македонија

Промашен говор...на пример, албанскиот претседател од говорницата на ОН бараше столче за Косово во ОН

СЛАБ НАСТАП НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН Зборуваше за сè, само не за Македонија
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на социјалната мрежа фејсбук се огласи по повод говорот на претседателката Сиљановска-Давкова Гордана на генералната дебата на  80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

-„Слаб говор на Сиљановска – Давкова Гордана во ОН. Говореше за светските проблеми – климатските промени, океаните, Блискиот Исток и Газа, Украина, Русија која била главна закана за светскиот мир, реформите во ОН за кои го кажа рецептот- жена за нов генерален секретар на ОН, држеше предавање за Томас Хобс, Жан Жак Русо, Тукидид….промрморе срамежливо за бугарското вето за Македонија во ЕУ. И толку!

Промашен говор…на пример, албанскиот претседател од говорницата на ОН бараше столче за Косово во ОН.

Сиљановска – Давкова Гордана требаше да ја искористи говорницата на годишното заседание на Генералното собрание кое започнува секоја трет вторник во септември и на кое се собираат светските лидери под еден покрив, од најрелевантно место да поентира за Македонската вистина. Дотолку повеќе, сите аргументи, меѓународно-правно опсервирани, се на наша страна. Но, за ова има едно АМА – треба храброст, знаење и силна национална и патриотска определба“ – напиша професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев.

CATEGORIES
TAGS
Share This