СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СИНОЌА КОНСТАТИРАШЕ 128 ПРЕКРШОЦИ – 94 возачи на мотоцикл, лишено од слобода едно лице, пронајден кокаин
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

За време на контролата биле преземени мерки против 128 учесници во сообраќајот, од кои 94 за возачи на мотоцикли, 16 санкции за управување мотоцикл без возачка дозвола, 46 мерки за управување мотоцикли без заштитна кацига, 17 санкции за возење без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, шест мерки за управување мотоцикл без да поседува соодветна категорија, пет санкции за измината важност на сообраќајната дозвола, две мерки за непропуштање на пешаци на пешачи премин…
За време на сообраќајната контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Љ. бидејќи при извршен преглед кај него бил пронајден кокаин. Санкционирани се и 10 возачи за возење без возачка дозвола на патнички и товарни моторни возила, а изречени се и две мерки за возење под дејство на алкохол и една санкција за незастанување на даден знак СТОП од страна на униформирани полициски службеници.