СКОПЈЕ СЕ ЗАТРЕСЕ 10 СЕКУНДИ – Еве каде бил епицентарот

Интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

СКОПЈЕ СЕ ЗАТРЕСЕ 10 СЕКУНДИ – Еве каде бил епицентарот
Фото: Принтскрин

Земјотрес со јачина од 3,6 степени беше регистриран денес во 17:41 часот во Скопје. Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот се наоѓал околу 21 километар источно од градот, на длабочина од приближно 5 километри.

Тресењето траело околу 10 секунди и било со слаб до умерен интензитет. Иако бил забележан од граѓаните, не предизвикал силни потреси.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопштија дека земјотресот бил со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала, додека интензитетот изнесувал околу четири степени според Европската макросеизмичка скала.

CATEGORIES
Share This