СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ МУЗИЧКА ПРЕСТОЛНИНА ВЕЧЕРВА – Интернационални ѕвезди на кларинет настапуваат бесплатно
Вечерва во КИЦ-Скопје со почеток во 20 часот музичка магија со светски солисти на кларинет.

Завршниот концерт на 8. Меѓународен фестивал за кларинети „КЛАРИФЕСТ-Скопје 2026“ ќе се одржи денес во КИЦ-Скопје (Салон 19:19), со почеток од 20 часот.
Како што информираат организаторите, Здружението за култура и уметност АРТИСТИКО-Скопје, на концертот ќе настапат реномирани интернационални солисти на кларинет и басет кларинет: Милтос Мумулидес од Грција, како и Роман Виташек, Богдан Очешак и Павел Краузович од Полска. Настапите ќе бидат во придружба на нашата истакната пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска.
Како гости, настап ќе имаат и македонските врвни кларинетисти Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски.
На програмата се дела од Телеман, Моцарт, Менделсон, Мангани, Блокс, Чирчински и други, при што голем дел од нив ќе прозвучат премиерно во Македонија.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и амбасадите на Полска и Грција во Скопје, а влезот на концертот е бесплатен.
