СКОПЈАНИ ИМААТ РОК ДО 5 ЈУНИ – Водовод нуди отплата на рати без камата
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје апелираат корисниците навреме да ја искористат можноста

Фото: Принтскрин
ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека е во тек акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за доцнење.
Граѓаните кои имаат неплатени сметки за потрошена вода, без разлика дали станува збор за редовен или тужен долг, можат да ја искористат можноста долгот да го подмират на рати и без дополнителна камата. Акцијата е временски ограничена и ќе трае до 5 јуни.
Од претпријатието апелираат корисниците навреме да аплицираат и да ја искористат поволноста за полесно сервисирање на обврските.
Воедно, појаснуваат дека оваа мерка не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на институциите и јавните претпријатија основани од државата, Град Скопје или општините.
CATEGORIES Македонија
