СКАНДАЛ СО ПРИСЛУШКУВАЊЕ Комисијата влегува во Агенцијата за разузнавање

Од ОЈО ГОКК потврдија дека веќе е започната предистрага и дека ќе се врши увид во документите поврзани со случајот.

СКАНДАЛ СО ПРИСЛУШКУВАЊЕ Комисијата влегува во Агенцијата за разузнавање
Фото: Принтскрин

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ќе ја посетат АР, откако вчера беа во АНБ во рамки на надзор по наводите за незаконско прислушување.

Во јавноста излегоа информации дека во периодот 2019–2024 година биле следени новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски, тогаш лидер на опозицијата. Власта бара одговорност, а опозицијата – декласификација на документацијата.

Премиерот Мицкоски порача дека прашањето не е само во декласификацијата, туку во запирањето на прислушувањето, кое, како што рече, трае уште од 90-тите години. Од СДСМ, пак, бараат АНБ да ја отвори документацијата и да се утврди дали имало злоупотреби.

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, изјави дека целата документација е предадена на Обвинителството. Од ОЈО ГОКК потврдија дека веќе е започната предистрага и дека ќе се врши увид во документите поврзани со случајот.

CATEGORIES
TAGS
Share This