СИТЕ СИЛИ ЗА ЕВРОПСКОТО – Македонија се бори во Белгија

Првиот меч се игра утре, а реваншот е за три дена во Куманово; победа на двата натпревари носи пласман на ЕП 2026

СИТЕ СИЛИ ЗА ЕВРОПСКОТО – Македонија се бори во Белгија
Фото: Принтскрин

Македонската женска ракометна репрезентација денеска отпатува за Белгија, каде утре ќе го одигра првиот од двата квалификациски натпревари против домашната селекција за пласман на Европското првенство 2026 година.

Двете селекции имаат по два порази на стартот од квалификациите, а победа на двата натпревари би значела освојување на третото место, кое носи директен пласман на континенталниот собир.

„Сосема сме свесни што значат овие два натпревари и ќе се обидеме да постигнеме позитивен резултат на гостински терен. Белгија има изненадувачки квалитетна екипа, со ракометарки кои настапуваат во Франција, Холандија… Ќе се подготвиме максимално и ќе дадеме се од себе за добар резултат. Секој гол ќе биде значаен и за нас, но и за нив“.

Клучна ќе биде одбраната, особено на гостински терен да примиме што помалку голови и да дадеме што повеќе. Одиме чекор по чекор и во овој момент најважен е првиот натпревар. Се надевам дека ќе успееме и ќе се вратиме со посакуваниот резултат“, изјави селекторот Кристијан Грчевски.

Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра утре со почеток во 20:10 часот, а реваншот ќе се одржи за три дена во Куманово.

CATEGORIES
Share This