СИТЕ ОПЦИИ СЕ НА МАСА ЗА ИРАН Нема преговори додека траат нападите во Хормут
Вашингтон не ја исклучува ниту воената опција, а Венс порача дека преговори со Техеран нема додека траат нападите врз бродовите

Фото: Принтскрин
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс порача дека Вашингтон ги разгледува сите можности во односите со Иран, при што не ја исклучува ниту една форма на притисок.
Венс истакна дека САД нема да започнат преговори со Техеран сè додека продолжуваат нападите врз комерцијалните бродови во Ормутскиот теснец.
Според него, на располагање се економски, воени, дипломатски, но и тајни мерки, а конечната одлука за нивна употреба ќе ја донесе претседателот Доналд Трамп.
Запрашан кога би можела да заврши војната, Венс кратко одговори дека одговорот треба да се побара од Иранците.
„Треба да ги прашате Иранците“, рече американскиот потпретседател.
CATEGORIES Свет

