СИТЕ 80 ОПШТИНИ АПЛИЦИРАА 1.200 нови проекти низ Македонија со 1.200 активни градилишта
Според податоците што ги сподели премиерот, на вториот повик биле доставени околу 900 апликации, а заедно со првиот повик вкупната бројка достигнува 1.200 проекти.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека сите 80 општини во државата поднеле апликации за реализација на проекти од вториот јавен повик за капитални и инфраструктурни инвестиции.
Според податоците што ги сподели премиерот, на вториот повик биле доставени околу 900 апликации, а заедно со првиот повик вкупната бројка достигнува 1.200 проекти.
„Тоа значи 1.200 активни градилишта низ Македонија – историски момент и голем исчекор за иднината. Градиме за сегашните и идните генерации кои заслужуваат подобри услови за живот“, изјави Мицкоски за време на работната посета на Кавадарци, каде беше придружуван од министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за животна средина.
Вториот јавен повик предвидува финансиска поддршка во износ до 15 милијарди денари, наменети за капитални и инфраструктурни проекти на локално ниво. Премиерот најави дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со нови проекти и позитивни вести за граѓаните.
„Очекувајте многу убави вести во следните месеци – за општините, за граѓаните и за целата држава. Добро е да се гради, затоа и не избраа граѓаните“, порача Мицкоски.


