СИЛНО НЕВРЕМЕ СЕ ОЧЕКУВА ПОПЛАДНЕ Ветер, дожд и можен град
На повеќе места се очекуваат поројни врнежи, грмежи и ветер над 50 километри на час, а локално можни се и поинтензивни временски процеси.

Фото: Национал
Времето денеска (23.05.) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температура од 10 до 26 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија
