СИЛЕН ЖЕЖОК БРАН – Северен ветер и локална нестабилност попладне
Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Фото: Национал
Времето денеска (16.07) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и максимална температура до 39 степени – информираат од УХМР .
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува.
CATEGORIES Македонија


