СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ РОДОС И МАРМАРИС Едно дете загина, 69 повредени

Силен земјотрес го погоди Родос и Мармарис – едно дете загина, десетици повредени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ РОДОС И МАРМАРИС Едно дете загина, 69 повредени
Фото: Принтскрин

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ги потресе грчкиот остров Родос и крајбрежниот град Мармарис во Турција во текот на ноќта, предизвикувајќи паника и сериозни последици во двата региона. Земјотресот се случил во 02:17 часот по локално време, со епицентар на околу 25 километри од Родос, а бил почувствуван и во делови од Турција, Египет и Сирија.

Според првичните информации, животот го загуби 14-годишно девојче во Турција, а најмалку 69 лица се повредени. Девојчето било пренесено во болница откако добило напад на паника, но, и покрај напорите на медицинските лица, починало.

Во Мармарис, Турција, каде земјотресот бил силно почувствуван, се пријавени седум повредени лица кои, во обид да ги напуштат домовите во паника, доживеале повреди. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, преку објава на социјалните мрежи информираше дека „сите надлежни тимови се на терен под координација на гувернерот“ и дека, според првичните податоци, нема уривање на станбени објекти.

На социјалните мрежи кружат вознемирувачки видеа што ги прикажуваат драматичните моменти за време на земјотресот, вклучувајќи сцени од луѓе кои во паника ги напуштаат своите домови и туристички капацитети.

Туристите на Родос утрово добија итна порака од туристичката агенција TUI, во која се апелира до нив да останат смирени и строго да ги следат упатствата од хотелскиот персонал или локалните служби за итни ситуации.

Силен земјотрес го погоди Родос и Мармарис – едно дете загина, десетици повредени

CATEGORIES
TAGS
Share This