СИЈАРТО СО ШОКАНТНА ПОРАКА ВО СКОПЈЕ Брисел ве лаже 20 години
Во рамки на посетата, Сијарто и Муцунски потпишаа договор за стратешко партнерство меѓу Унгарија и Северна Македонија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека не е само Бугарија таа што го блокира евроинтегративниот процес на Северна Македонија, туку и други земји од Европската Унија кои, иако јавно ја поддржуваат идејата за проширување, зад затворени врати дејствуваат спротивно.
На заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, Сијарто беше отворен:
„Да, Бугарија го блокира вашиот пат, но вие не чекате 20 години само поради тоа. Реалноста е многу потешка – државите што искрено го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство во ЕУ.“
Тој нагласи дека за време на претстојното унгарско претседателство со Советот на ЕУ, Будимпешта ќе се залага за забрзување на евроинтеграцијата на регионот, но изрази разочараност од лицемерието на дел од западноевропските држави.
„Кога се пред јавноста, зборуваат убаво за вашето членство. Но штом вратите се затворат, веднаш почнуваат аргументите зошто ЕУ не треба да се проширува. Ако беа искрени, ќе бевте членка одамна,“ рече Сијарто.
Според него, Западниот Балкан е подготвен и во подобра состојба од некои земји-кандидати, но Брисел постојано поставува нови пречки.
Во рамки на посетата, Сијарто и Муцунски потпишаа договор за стратешко партнерство меѓу Унгарија и Северна Македонија.


