ШВЕРЦ СО ДРОГА – Фирма на поранешен СДСМ функционер вмешана во нелегалната трговија

ОЈО ГОКК отвори истражна постапка против шест лица за неовластено пуштање на наркотични дроги

ШВЕРЦ СО ДРОГА – Фирма на поранешен СДСМ функционер вмешана во нелегалната трговија
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гостивар изјави дека има информации за тоа како запленетата марихуана во Србија излегла од Македонија, и посочи на лица поврзани со поранешната власт. Тој рече дека во случајот е вмешана фирма на поранешен локален функционер на СДСМ.

„Има функционери, но од претходната Влада. Фирмата е сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново Село и неговиот син. МВР можеби може повеќе да сподели, но во интерес на истрагата ќе се задржам на ова“, рече Мицкоски при увид на градежните работи на Коридорот 8.

Меѓутоа, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека е отворена истражна постапка против шест лица за неовластено пуштање на наркотични дроги во промет. Истрагата се базира на докази од МВР и од српското Обвинителство преку меѓународна правна помош.

Според обвинителството, осомничените дејствувале од 2025 година до крајот на јануари 2026 година. Првоосомничениот, сопственик на фирма од Скопје, набавил над 8.832 килограми сув цвет од канабис од фирма од Струмица. По пакувањето во над 200 кутии, дрогата била организирана за повеќекратен транспорт кон Србија.

За двајца од осомничените, кои веќе се во краткотраен притвор, јавниот обвинител побара од судот да им се одреди притвор од 30 дена.

CATEGORIES
Share This