ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА ПО СМРТТА – Најпаметниот човек на светот објаснува

Крис Ланган, со IQ повисок од Ајнштајн, ги споделува своите мисли за Бог и реалноста

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА ПО СМРТТА – Најпаметниот човек на светот објаснува
Фото: Принтскрин

Крис Ланган, човек со коефициент на интелигенција помеѓу 190 и 210 што е повисок од оној на Алберт Ајнштајн, го сподели својот став за Бог, смртта и свеста. Ланган е познат по својот „Когнитивен теоретски модел на универзумот“ (CTMU), теорија која предлага дека реалноста и свеста се меѓусебно поврзани и го објаснуваат постоењето, како и односот помеѓу умот и реалноста.

Во интервју за CTMU Radio, Ланган одговори на прашањето дали Бог постои:

„Да. Реалноста има идентитет. Идентитетот е она што постои. Кога зборувате за светската реалност, всушност именувате идентитет.“

Според него, CTMU овозможува да се анализираат својствата на овој идентитет, кои потоа се совпаѓаат со описите на Бога во најголемите религии. Тоа значи дека Бог може да се сфати како идентитет на одредени својства што ги гледаме околу нас, а не како личност на небото.

Ланган исто така зборуваше за смртта и што се случува по неа:

„Смртта е прекинување на врската со вашето физичко тело. Кога се повлекувате од оваа реалност, се враќате кон изворот на реалноста. Можете да добиете ново тело за продолжување на постоењето.“

Тој објасни дека смртта не значи престанок на постоењето, туку премин на свеста од физичкиот свет кон изворот на реалноста. Ова не е задгробен живот во традиционалниот смисол, туку состојба слична на медитација, каде што се набљудуваат промени и процесите во реалноста.

„Веројатно, сите ваши животи, ако се реинкарнирате повторно и повторно, се мета-истовремени – сите се појавуваат одеднаш во нетерминалниот домен.“

Според Ланган, свеста продолжува да постои и се движи низ различни форми, со што постоењето не престанува со смртта.

CATEGORIES
TAGS
Share This