ШОКИРАЧКО ВИДЕО ГО ЗБУНУВА СВЕТОТ – Што е тоа на рамењата на Путин?
Телевизиските камери забележаа чудни испакнатини на неговите рамена под сината јакна, што веднаш предизвика лавина од коментари и шпекулации на социјалните мрежи

Вирална снимка од говорот на рускиот лидер ја разбранува јавноста. Додека Владимир Путин држеше жесток говор со закани за нуклеарна моќ и воено-технички мерки, вниманието на јавноста не го привлече неговата порака – туку неговиот изглед.
Телевизиските камери забележаа чудни испакнатини на неговите рамена под сината јакна, што веднаш предизвика лавина од коментари и шпекулации на социјалните мрежи.
Најраспространета е теоријата дека рускиот претседател носел панцир за дополнителна заштита – токму во моментот кога се обидуваше да испрати сигнал на непоколебливост кон Западот.
„Нагласувам, и никој не треба да се сомнева, дека Русија е подготвена да одговори на секоја закана, не со зборови, туку со воено-технички мерки,“ изјави Путин пред Советот за безбедност – со тајната на неговите рамена како дополнителна сензација.


