ШОКАНТНА ЗАКАНА ОД ИРАН – Пуштете ги, ќе ги изгориме
Претседателот на парламентот Галибаф го критикува Трамп за дволичност и го предупредува светот на можни последици.

Фото: Принтскрин
Мохамед Багер Галибаф, претседател на иранскиот парламент, изјави дека иранските сили се целосно подготвени за пристигнувањето на американските трупи.
„Пуштете ги да дојдат, ќе ги изгориме!“, рече тој.
Во изјавата за агенцијата IRNA, Галибаф го критикуваше Трамп за изразената подготвеност за преговори со Иран, истовремено обвинувајќи го дека „тајно планира копнен напад“.
Извештајот следува откако американската војска објави дека 3.500 војници од 31-та морнаричка експедициска единица пристигнуваат на Блискиот Исток, а медиумите известуваат за подготовка на копнени операции во Иран.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест
