ШЕЌЕРИНСКА ПО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ОПРАВА СРБИЈА И КОСОВО- НАТО поттикнува дијалог меѓу соседите
Западниот Балкан останува стратешки приоритет за НАТО, Шекеринска ја нагласува важноста на дијалогот.

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, истакна дека Западниот Балкан е регион од стратешко значење за Алијансата. Таа потенцираше дека НАТО целосно ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, предводена од ЕУ.
Шекеринска нагласи дека партнерството меѓу НАТО и ЕУ е од клучно значење за мирот и стабилноста во Косово и поширокиот регион.
„Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е можно за да го зачува мирот, во корист на сите граѓани на Косово. Сепак, трајното решение за регионалната стабилност е политичко. Затоа НАТО го поддржува дијалогот предводен од ЕУ и напорите на специјалниот претставник Соренсен“, истакна Шекеринска.
Таа додаде дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е на високо ниво и дека континуираната координација ќе биде клучна за напредокот на дијалогот. Сојузниците се согласиле да ја зголемат поддршката за напорите за нормализирање на односите.


