СЕВИЉА НА ПРОДАЖБА Рамос на чекор да стане сопственик

СЕВИЉА НА ПРОДАЖБА Рамос на чекор да стане сопственик

Приказната за продажба на Севиља добива нова димензија, откако се појави името на легендарниот дефанзивец Серхио Рамос. По неколку месеци шпекулации, последните денови на старата и првите денови на новата година донесоа интересни вести за иднината на клубот.

Рамос, кој ја започна својата кариера во Севиља пред да стане икона во Реал Мадрид, неодамна се врати во клубот за краток период, пред да се пресели во Монтереј. Иако неговиот однос со навивачите на Севиља беше комплициран по заминувањето во Реал, тој значително се подобри по неговото повторно враќање. Сега, неговото име е во центарот на вниманието во контекст на потенцијалната продажба на клубот.

Американски конзорциум, предводен од Антонио Лапи и Феде Квинтеро, изрази интерес за преземање на Севиља, со планови да го врати легендарниот спортски директор Монќи. Меѓутоа, по прегледот на финансиската документација, конзорциумот ја намали понудата од 3.400 евра по акција на 2.700 евра, што доведе до прекин на преговорите. Во меѓувреме, се појавија информации дека Рамос собира група инвеститори за да ја преземе клубот и веќе испратил официјална понуда.

Иако моментално е без клуб, Рамос не објави дека планира да се пензионира, што отвора можности за негово активно учество во клубот, дури и на теренот. Севиља во моментов се наоѓа на 10-то место на табелата во Ла Лига, со 20 бодови и скор од шест победи, два нерешени натпревари и девет порази. Дали Рамос ќе успее да ја оствари својата амбиција и да стане новиот сопственик на Севиља? Времето ќе покаже.

CATEGORIES
Share This