СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПРАЌА ЗАКАНА ДО ТРАМП Санкциите не можат да не заплашат!

Северна Кореја изрази остар протест против новите санкции воведени од страна на САД, обвинувајќи ја администрацијата на Доналд Трамп за повторување на неуспешни стратегии од минатото. Според соопштението на државната новинска агенција KCNA, Пјонгјанг тврди дека санкциите нема да ја променат стратегиската ситуација во нивну корист.
Министерството за финансии на САД неодамна санкционираше осум лица и две компании, поврзани со шеми за перење пари во Северна Кореја, во обид да се прекине финансирањето на севернокорејскиот програм за оружје. Оваа акција е дел од пошироката стратегија на Вашингтон за притискање на режимот во Пјонгјанг.
Сепак, севернокорејските власти не се плашат и најавуваат дека ќе одговорат на овие мерки. Тие истакнуваат дека САД мора да разберат дека колку и санкции да воведат, шансите за промените во односите остануваат минимални.
И покрај тензиите, јужнокорејските разузнавачки служби предвидуваат можност за организирање на самит помеѓу Северна Кореја и САД во почетокот на следната година. Трамп, за време на неговата последна азиска турнеја, изрази желба за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но прашањето останува дали ќе се реализира во услови на зголемени тензии.
Ситуацијата во регионот продолжува да биде напната, а светот со внимание ги следи развојот на настаните во Северна Кореја.

