СЕМЕЈСТВОТО ПРЕВЦ ЈА ПРОДОЛЖУВА СЕМЕЈНАТА ТРАДИЦИЈА – Освоени нови олимписки медали

Словенија ја одбрани олимписката круна во мешани тимови.

СЕМЕЈСТВОТО ПРЕВЦ ЈА ПРОДОЛЖУВА СЕМЕЈНАТА ТРАДИЦИЈА – Освоени нови олимписки медали
Фото: Принтскрин

Словенија го одбрани златото во мешаниот тим на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, благодарение на феноменалниот настап на Ника Водан, Анже Ланишек, Ника Превц и Домен Превц. Со вкупно 1069.2 поени, словенечкиот тим доминираше и ја остави Норвешка зад себе со среброто, а Јапонија го освои бронзениот медал.

Најголемо внимание привлекоа братот и сестрата Превц – Домен и Ника. Со овој успех тие станаа третите олимписки медалисти во своето семејство, по постариот брат Петер Превц, кој пред четири години во Пекинг се закити со злато.

„Златниот медал е мојот сон од првиот скок. Да го делам со брат ми е навистина посебно“, изјави пресреќната Ника Превц. Домен, пак, нагласи дека победата е емоционално враќање на врвот и прилика да им се заблагодарат на родителите кои ги бодреа од трибините во Предацо.

Словенија водеше од првиот до последниот скок. Ника Водан, единствената членка од тимот која освои злато во Пекинг 2022, започна со одличен скок од 100 метри, додека Анже Ланишек, кој имаше тежок период во индивидуалните натпревари, блесна со скок од 101 метар во клучниот момент.

Борбата за среброто и бронзата беше драматична. Норвешка го обезбеди среброто благодарение на фантастичната Ана Одине Стром, додека Јапонија освои бронза со предност од само 1.2 поени пред Германија. Олимпискиот шампион Филип Рајмунд не успеа да го однесе германскиот тим на подиумот.

По денешниот заслужен одмор, словенечките ски-скокачи се подготвуваат за натпреварот на големата скокалница во сабота, каде ќе се борат за медали во машка индивидуална конкуренција.

CATEGORIES
Share This