СЕДМАТА УМЕТНОСТ ВО ФОКУСОТ – Најава на 47. ИФФК ‘Браќа Манаки’“

Најстариот светски фестивал посветен на кинематографијата.

СЕДМАТА УМЕТНОСТ ВО ФОКУСОТ – Најава на 47. ИФФК ‘Браќа Манаки’“
Фото: Принтскрин

ИФФК „Браќа Манаки“, најстариот светски фестивал посветен на креативноста во кинематографијата, ќе се одржи од 19 до 25 септември 2026 година во Битола. Подгответе се за незаборавни средби со реномирани светски кинематографери и инспиративни разговори за седмата уметност.

Основан во 1979 година, фестивалот ја слави уметноста на филмската камера, оддавајќи почит на пионерите од Балканот – Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки.

На 47. издание, посетителите ќе имаат можност да уживаат во играни, документарни, кратки и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат. Покрај петте натпреварувачки програми, фестивалот продолжува да се гордее со својот Клуб на великаните, место каде што се слават мајсторите на филмската фотографија.

Преку годините, бројни светски реномирани кинематографери беа добитници на престижните награди „Манаки“. И оваа година ќе бидат доделени: Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм, доделувана од ДФРМ.

Подгответе се за седум дена исполнети со филмска магија, креативни средби и признанија за најдобрите во светската кинематографија!

CATEGORIES
Share This