СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ Приведени уште 23 лица меѓу кои поранешни и актуелни функционери -министри, директори, амбасадори

Истрагата се проширува на 23 нови лица, 18 се веќе обезбедени, четворица во текот на денот ќе бидат повикани на распит, а едно лице е во странство

СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ Приведени уште 23 лица меѓу кои поранешни и актуелни функционери -министри, директори, амбасадори

Истражните органи во земјата ја прошируваат истрагата за страшната трагедија во Кочани. Според денешните случувања опфатени се повеќе лица меѓу кои актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри.

По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поранешен директорна ДЗС, Шабан Салиу, поранешениот и  актуелниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски и Џеват Селами . Исто така со истрагата се опфатени поранешните министри за економија Беким Незири и Ваљон Сарачини, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев, како и амбасадорот на земјава во Шведска Дритон Кучи.

По повод денешната полициска и обвинителска акција се огласи амбасадорот Дритон Кучи, инаку поранешен министер за економија велејќи:

„Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата – напиша Кучи на социјалните мрежи.

Истрагата се проширува на 23 нови лица, 18 се веќе обезбедени, четворица во текот на денот ќе бидат повикани на распит, а едно лице е во странство.

Досега за трагедијата во Кочани се осомничени 45 физички и три правни лица. Меѓу нив се градоначалници на Кочани, екс директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски и пазарни инспектори, полициски службеници, лица од дискотеката и обезбедувањето… Во притвор е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот државен секретар Размена Цекиќ и други вработени во Министерството за економија.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изутрината на 16 март, животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа повредени.

CATEGORIES
TAGS
Share This