СЕ ПОЈАВИ СОМНЕЖ ЗА ВРЕМЕТО НА УБИСТВОТО Снимки тврдат дека Жежовски бил жив во време на убиството според обвинението

Одбраната тврди дека Панче Жежовски бил забележан жив на 22 ноември околу пладне, иако според обвинението, тој бил убиен во 9:30 часот. Адвокатот на Видевски побара да се изведат видеоснимките од бензинските пумпи Макпетрол и Лукоил во Велес, каде наводно се гледа Жежовски.

СЕ ПОЈАВИ СОМНЕЖ ЗА ВРЕМЕТО НА УБИСТВОТО Снимки тврдат дека Жежовски бил жив во време на убиството според обвинението
Фото: Национал

Судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со изведување нови докази. Меѓу нив беа прикажани снимки од безбедносни камери кај Велибор Манев, за кои Обвинителството тврди дека покажуваат како обвинетите се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање, како што тие претходно изјавија во своите искази.

На една од снимките се гледа моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“, што според обвинителката Ана Стојковиќ, го демантира наративот на обвинетите дека немале намера да убиваат. Обвинителката Жаклина Трајковска потенцираше дека мотивот бил користољубие и оти сите обвинети заеднички го испланирале и извршиле злосторството.

Обвинителството, исто така, презентираше дека обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на убиствата, а не постојат ниту податоци за извршено пробно испукување со неговото оружје. Адвокатот на Видевски, Бојан Манев, го оспори недостигот на траги во базата на МВР, нарекувајќи го тоа пропуст или намерно занемарување.

Дополнително, адвокатот Јовица Страшевски побара вештачење на чаурата пронајдена на местото на убиството на Жежовски, истакнувајќи дека таа не се поклопува со податоците за регистрираните пиштоли.

Како клучен доказ се најавува и извештајот од ЛПР системот на МВР („Безбеден град“), кој покажува дека возилото „ренo кангу“ било снимено во близина на железничката станица во Скопје на 22 ноември 2023 година, во 00:15 часот – само две минути откако, според обвинителството, било забележано во Велес. Овој податок го искористи првообвинетиот Палевски за да тврди дека снимките се контрадикторни и дека возилото не можело да биде на две места во исто време.

На претходно рочиште, Обвинителството ги презентираше снимките од пред куќата на Велибор Манев, на кои се гледа како обвинетите се подготвуваат за злосторството: изнесуваат предмети од „реното“, како кеси, туби и радио-опрема, а се забележуваат и со слушалки, ракавици и микрофони. Според видеото, Палевски и Кешишев во 00:13 часот заминуваат од Велес, додека Манев и Видевски остануваат. Утредента четворицата се среќаваат повторно пред куќата, по што следува киднапирањето и убиството на Жежовски.

Одбраната тврди дека Панче Жежовски бил забележан жив на 22 ноември околу пладне, иако според обвинението, тој бил убиен во 9:30 часот. Адвокатот на Видевски побара да се изведат видеоснимките од бензинските пумпи Макпетрол и Лукоил во Велес, каде наводно се гледа Жежовски. Обвинителството побара дополнително време за да провери дали такви снимки се веќе доставени до Судот.

Судијата Ивица Стефановски му укажа на адвокатот Манев дека доколку располага со снимките, мора сам да ги достави, по што Судот ќе обезбеди технички услови за нивно прикажување. Во спротивно, доказот нема да биде разгледуван.

Судењето продолжува со анализирање на новите видеоматеријали и извештаи.

CATEGORIES
TAGS
Share This