СЕЈФ СИТИ СТАРТУВА ОД УТРЕ – Камерите ќе снимаат прекршоци низ градот

Пробниот период ќе трае до крајот на годината, а возачите прво ќе добиваат само предупредувања.

СЕЈФ СИТИ СТАРТУВА ОД УТРЕ – Камерите ќе снимаат прекршоци низ градот
Фото: Принтскрин

Од утре во сила стапува системот „Сејф сити“. Министерството за внатрешни работи (МВР) започнува со имплементација на проектот „Безбеден град, безбедна држава“, кој има за цел регистрација на сообраќајни прекршоци и нивно санкционирање.

Во текот на пробниот период, кој ќе трае до крајот на годината, возачите ќе добиваат само предупредувања и нема да се изрекуваат казни. Од јануари следната година системот ќе почне да се применува целосно.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, летово соопшти дека проектот првично ќе се активира во Скопје и уште два града, а во 2026 година ќе се прошири на целата територија на државата.

Камерите ќе бидат поставени на булевари, крстосници и поголеми сообраќајници, каде што ќе снимаат возачи кои минуваат на црвено светло и оние кои возат со прекумерна брзина кои се две најчести причини за сообраќајни несреќи.

CATEGORIES
Share This