СЕЈФ СИТИ – Еве за кои прекршоци ќе се казнува и видот и висината на казните
Со воведувањето на „Сејф сити“, сообраќајниот надзор се префрла од класични полициски контроли на автоматско санкционирање преку видео и електронски докази

Од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила системот „Сејф сити“, кој овозможува автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци преку камери и електронски уреди. Казните се утврдени според Законот за прекршоци и Законот за безбедност на патиштата, и се однесуваат на четири главни прекршоци:
1. Пречекорување на брзината: До 20 км/ч над дозволеното 20 евра, 20-30 км/ч над дозволеното: 45 евра, 30-50 км/ч над дозволеното 300 евра + забрана за управување 3-12 месеци, над 50 км/ч: 400 евра + 4 казнени поени + минимум 1 година забрана. Во населено место казните се повисоки, до 500 евра.
2. Минување на црвено светло повлекува казна од 250 евра + забрана за управување 3-12 месеци. Ако е предизвикана опасност или незгода, може да следува и кривична одговорност
3. Управување со возило со истечена регистрација/сообраќајна дозвола казната е за возач 100 евра додека за сопственикот (ако не е возачот) 250 евра.
4. Непрописно запирање и паркирање стандардно казната е 30 евра. Ако се попречува сообраќајот 45 евра, паркирање на место за лица со попреченост 50 евра и возилата кои претставуваат ризик можат да се подигнат со пајак-служба, со дополнителни трошоци.
Дополнителните правила овозможуваат попуст од 50% при плаќање во рок од 8 дена. По три забрани за управување во рок од 4 години, возачот ја губи дозволата, повторно полагање најрано по една година
Со воведувањето на „Сејф сити“, сообраќајниот надзор се префрла од класични полициски контроли на автоматско санкционирање преку видео и електронски докази.

