СДСМ СО ПОВИК ДО ВМРО-ДПМНЕ – Сменете го името
Политичката дебата се фокусира на спинови и ветувања околу името на државата.

Фото: Принтскрин
СДСМ реагира дека „сериозни скандали ја потресуваат државата, а власта очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со нови спинови околу името“.
Од партијата посочуваат дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека екс-премиерот Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го смениле името на државата во замена за пари, се целосно неосновани.
Покрај тоа, СДСМ потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски пред изборите ветуваа дека ќе го вратат старото име.
„Цела нивна кампања беше базирана на тоа ветување. Денес се на власт, што чекаат? Зошто не ѝ кажат на меѓународната заедница дека го менуваат името?“ велат од СДСМ.
CATEGORIES Македонија


