СДСМ бојкотира, ДУИ сè уште се двоуми за лидерската средба
Сè уште е неизвесно кои партии ќе седнат на масата за разговори за реформските закони и предлогот за укинување на Пржинската влада

Во пресрет на утрешната лидерска средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски, сè уште е неизвесно кои партии ќе седнат на масата за разговори за реформските закони и предлогот за укинување на Пржинската влада.
Засега ВЛЕН најави учество со двајца претставници: Биљал Касами и координаторот на пратеничката група Беким Ќоку. Тие ќе го поддржат предлогот на Мицкоски за укинување на техничката влада. ЗНАМ и Левица исто така најавија учество.
СДСМ, пак, веднаш ја одби поканата. Претседателот на партијата, Венко Филипче, истакна дека техничката влада е гаранција за фер избори, а реформските закони ќе ги поддржат во Собранието.
ДУИ се уште не донеле конечна одлука за присуство, но најавија можност за свои барања. Генералниот секретар Арбр Адеми нагласи дека лидерските средби треба да имаат јасна агенда и да се фокусираат на суштински прашања за државата, како интеграцијата во Европската Унија.


