САМОДОВЕРБА ОД 80-ТИТЕ – Што денес ни недостасува во родителството
Подготовка против прекумерна грижа и како да се научат децата да се снаоѓаат без да се поткопа самодовербата.

Во последниве години се забележува раст на анксиозност кај децата, што ги тера родителите да се запрашаат како нивниот пристап кон воспитувањето влијае на менталното здравје на најмладите.
Истражувањата покажуваат дека децата кои растеле во 80-тите и 90-тите години често развивале поголема самодоверба, самосвест и внатрешен мир и особини што денес се почесто ретки. Во тој период родителството било поопуштено, со повеќе простор за децата да учат преку свои искуства и грешки.
Британскиот психоаналитичар D. W. Winnicott уште во 1953 година го вовел концептот „доволно добра мајка“, нагласувајќи дека родителот не мора да биде совршен за детето да расте здраво. Напротив, умерената несовршеност помага на детето да развие самостојност и емоционална стабилност.
Наместо постојано да го штитат од непријатности, децата треба да имаат можност да истражуваат, да грешат и да учат. Токму овие искуства ја градат нивната внатрешна сила и сигурност.
Проблемот се јавува кога родителската грижа преминува во постојан страв. Децата ја впиваат емоционалната состојба на родителите, па ако тие се фокусираат само на опасности, тоа може да создаде чувство дека светот е небезбедно место.
Експертите советуваат родителите да одржуваат своја емоционална рамнотежа и да прават разлика помеѓу подготовка и претерана грижа. Подготовката значи да се научи детето како да се снаоѓа во различни ситуации, додека прекумерната загриженост ја поткопува неговата самодоверба.
Грешките во родителството се неизбежни, но и корисни, бидејќи му помагаат на детето да изгради независност, самодоверба и способност за справување со животните предизвици.


