САМО ОСУМ КАНДИДАТИ ЗА ПЕТ МЕСТА – Што се случи со елитното обвинителство

Четири нови имиња го менуваат ликот на елитното обвинителство за организиран криминал и корупција

САМО ОСУМ КАНДИДАТИ ЗА ПЕТ МЕСТА – Што се случи со елитното обвинителство
Фото: Национал

На 40-та седница, Советот на јавните обвинители го пополни составот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). По дискусија за можната ротација на кадрите, довербата им беше доделена на Енѓелуше Кадриу-Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска.

Клучен момент на седницата беше ставот на дел од членовите, како и на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, дека е важно да им се даде шанса на обвинители кои досега не биле дел од ова обвинителство, со цел да се избегне „акумулација на моќ“.

„Мојот главен критериум е секој јавен обвинител надвор од Скопје да има можност да се пронајде во едно обвинителство. Ме разочарува што за пет места имаше само осум кандидати“, изјави Савески.

На огласот првично се пријавија осум кандидати, но Трајче Пеливанов и Артан Ајро ги повлекоа своите кандидатури пред почетокот на гласањето.

CATEGORIES
Share This