САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА ФУДБАЛСКИТЕ ТРАНСФЕРИ Саудијците му нудат 300 милиони евра на Реал и една милијарда на Винисиус

Според мадридското издание, понудата за „белите“ ќе биде во висина од 300 милиони евра, а самиот Бразилец ќе добие понуда за петгодишен договор со плата од 200 милиони евра по сезона, односно 1 милијарда евра за Винисиус

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА ФУДБАЛСКИТЕ ТРАНСФЕРИ Саудијците му нудат 300 милиони евра на Реал и една милијарда на Винисиус

Само неботот е лимит за фудбалските трансфери. Гласините зборуваат дека амбициозните планови на Саудијците да го направат Винисиус Јуниор една од ѕвездите на локалниот фудбал продолжуваат.

Според „Ас“ од Саудиската Про лига се подготвени да ги соборат сите рекорди за да потпишат со ѕвездата на Реал Мадрид. Подготвената понуда изгледа примамливо не само за самиот играч, туку и за клубот.

Според мадридското издание, понудата за „белите“ ќе биде во висина од 300 милиони евра, а самиот Бразилец ќе добие понуда за петгодишен договор со плата од 200 милиони евра по сезона, односно 1 милијарда евра за Винисиус.

Ова ќе го подобри моменталниот трансфер рекорд, кој го држи Нејмар, за кого Пари Сен Жермен плати 222 милиони евра за да го ослободи од договорот со Барселона. Според „Ас“, понудата би можела да дојде од поранешниот клуб на Нејмар, Ал-Хилал, кој го раскина договорот со Бразилецот.

CATEGORIES
Share This