САМО ДВА ДЕНА ДО ГОЛЕМАТА БИТКА – Дали Македонија ќе изненади?
Две клучни средби што ќе ја одредат судбината на Македонија во квалификациите.

Фото: Принтскрин
Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија од утринава е на собир во Скопје, подготвувајќи се за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2026.
Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки, кои за само два дена ќе се соочат со голем предизвик.
Првиот натпревар е веќе в среда во СЦ „Борис Трајковски“, каде Македонија ќе се соочи со светскиот вицешампион Германија. Мечот е закажан до 18 часот, а РФМ одлучи вратите на салата да бидат отворени за сите и влезот е бесплатен.
Во последното коло од квалификациите, македонската репрезентација ќе гостува кај Словенија во Велење на 12 април.
CATEGORIES Ракомет
