САКИПОВ СО СИЛНА ПОРАКА ЗА 11 ОКТОМВРИ Да ја чуваме слободата
Претседателот на Демократската партија на Ромите, Миљазим Сакипов, упати честитка по повод Денот на народното востание, повикувајќи на почит кон жртвата на борците и изградба на иднина заснована на еднаквост, достоинство и правда за сите граѓани.

Демократската партија на Ромите и претседателот Миљазим Сакипов упатуваат искрени честитки до сите граѓани по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Македонија.
Овој значаен историски датум е симбол на храброста, пожртвуваноста и непокорот на борците кои се кренаа против фашизмот, борејќи се за слобода, правда и достоинствена иднина.
На овој ден се потсетуваме дека слободата е највредното наследство што треба да го чуваме, а почитта кон жртвите на борците е наша трајна обврска. Нивната борба нè потсетува дека единството, меѓусебното почитување и солидарноста се темелите врз кои се гради праведно и просперитетно општество за сите граѓани.
Демократската партија на Ромите и претседателот Миљазим Сакипов остануваат посветени на заложбите за еднаквост, достоинство, социјална правда и подобра иднина за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.
Нека е честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

