САКАТЕ ДА ИМАТЕ БЕЗБЕДЕН АВТОМОБИЛ? Ова се најбезбедните автомобили за 2024 година

САКАТЕ ДА ИМАТЕ БЕЗБЕДЕН АВТОМОБИЛ? Ова се најбезбедните автомобили за 2024 година

Euro Ncap, најреномираната организација за тестирање на безбедноста и сигурноста на новите автомобили, ја објави листата на најбезбедни автомобили за 2024 година по класи.

Рангирањето е направено врз основа на скоровите при краш тестовите и тоа по сите четири параметри: безбедност на возачот, безбедност на децата (патниците на задната клупа), безбедност за пешаците и безбедносната асистенција на возачот.

За најбезбеден автомобил е избран Mercedes-Benz E-Class. Овој автомобил најдобар скор оствари во поглед на безбедноста на возачот (возрасните патници) и тоа од 92%.

Volkswagen Passat е прогласен за најбезбеден автомобил во категоријата на големи семејни автомобили. Слично како и Е-класата на Mercedes, и овој автомобил најдобар скор оствари во поглед на безбедноста на возачот.

Европската доминација на ранг листата ја заокружува Skoda Superb. Овој модел на чешкиот производител оствари идентичен скор како и VW Passat и тоа од 93% за безбедност на возачот, 87% за безбедност на децата, 82% за безбедност на пешаците и 80% за безбедносна асистенција.

Во категоријата на мали кросовери за најбезбеден е прогласен кинескиот Zeekr X додека честа на Јапонците ја одбрани Mazda CX-80 кој е избран за најбезбеден во категоријата на големи кросовери.

CATEGORIES
Share This