САД ВОВЕДУВААТ НОВИ ЦАРИНИ – ЕУ подготвува единствен одговор

Царините на САД се зголемија на 15%, со ретки исклучоци за фармацевтски производи

САД ВОВЕДУВААТ НОВИ ЦАРИНИ – ЕУ подготвува единствен одговор
Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека ќе разговара со европските сојузници за да се најде заеднички одговор на новите американски царини пред средбата со претседателот Доналд Трамп во Вашингтон.

„Ќе имаме многу јасна европска позиција, бидејќи царинската политика е прашање на Европската Унија, а не на поединечните земји-членки“, изјави Мерц за телевизијата AДР.

Тој ќе отпатува во Вашингтон за нешто повеќе од една недела, носејќи единствен европски став.

Трамп вчера потпиша извршна наредба која ќе стапи на сила на 24 февруари и воведува „глобална“ царина од 10%, која денеска беше зголемена на 15%. Исклучоци се прават за фармацевтските производи и увозот регулиран со договорот меѓу САД, Мексико и Канада.

Мерц оценува дека одлуката на Врховниот суд на САД, кој утврди дека претседателот ја пречекорил својата моќ со прогласување економска вонредна состојба, покажува дека поделбата на власти сè уште функционира.

Франција исто така инсистира на заедничка реакција на Европската Унија.

„Ќе биде потребен единствен пристап од Европската Унија“, изјави министерот за надворешна трговија Николас Форизје.

CATEGORIES
Share This