САД И РУСИЈА ГО КРОЈАТ МИРОТ БЕЗ УКРАИНА – Таен план од 28 точки го тресе Киев

План што може да го задуши конфликтот - или да го продолжи бескрајно. Таен документ што ја турка Украина кон тешки отстапки

САД И РУСИЈА ГО КРОЈАТ МИРОТ БЕЗ УКРАИНА – Таен план од 28 точки го тресе Киев
Фото: Принтскрин

Документ од 28 точки, презентиран на украинскиот безбедносен врв во Мајами, предвидува драматични отстапки од Киев: повлекување од делови од Донбас, преполовување на армијата, забрана на одредени видови оружје и постепено гаснење на американската воена помош. Планот бара и рускиот јазик да стане државен, а Украинската православна црква да добие официјален статус.

Според Ројтерс, САД веќе му го доставиле предлогот на Зеленски и побарале да го прифати. Територијални отстапки и ограничување на украинските вооружени сили го предизвикале незадоволството во Киев. Американски и руски претставници наводно ги финализирале деталите зад затворени врати – без Украина и без Европа.

„Политико“ објави дека Белата куќа се подготвува за историски мировен договор со Москва. Европа повторно е изоставена, а висок американски функционер наводно изјавил:

„Не ни е грижа за Европејците, важно е Украина да се согласи“.

Планот се смета за потенцијален дипломатски триумф на Трамп.

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф ја откажал средбата со Зеленски во Анкара, откако Киев понел свој мировен предлог што Москва „никогаш нема“ да го прифати. САД, според „Аксиос“, дури размислуваат самостојно да го признаат Крим и Донбас како руски територии, оставајќи ја Украина во правен вакуум.

Западните медиуми веќе почнуваат кампања против планот, говорејќи за „капитулација“ и „награда за Путин“. Но контекстот е поинаков: Украина е исцрпена, Европа е заморена, Русија е во офанзива, а Вашингтон сака брз договор по принципот „Америка прва“.

Наместо отворено отфрлање, планот најверојатно ќе биде развлекуван, разводенуван и одолговлекуван. Ќе следат „преговори за детали“, поместување на рокови и продолжување на низок интензитет на војна.

Додека големите сили калкулираат, Киев останува заглавен помеѓу барањата на Вашингтон, условите на Москва и притисокот од јавноста. Европа, пак, мора да одлучи дали лош мир е подобар од бесконечна војна и да живее со последиците.

CATEGORIES
TAGS
Share This