САБОТНИ МАРШЕВИ НАМЕСТО СЕКОЈДНЕВНИ БЛОКАДИ – Родителите на загинатите во „Пулс“ ја менуваат стратегијата

Главната расправа за случајот „Пулс“ е закажана за 19 ноември, а семејствата на жртвите најавуваат дека ќе присуствуваат и ќе го следат судскиот процес внимателно

САБОТНИ МАРШЕВИ НАМЕСТО СЕКОЈДНЕВНИ БЛОКАДИ – Родителите на загинатите во „Пулс“ ја менуваат стратегијата
Фото: Национал

Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ ја менуваат својата тактика во борбата за правда. Наместо секојдневни блокади, тие ќе продолжат со саботни маршеви, со цел јавноста постојано да се потсетува на трагедијата и да се одржи притисокот врз институциите.

Од здружението на родителите велат дека протестите нема да запрат, но ќе се одвиваат на поинаков начин – со почитување на јавниот ред и мир. Нивната цел не е да предизвикаат метеж, туку да ја потсетат јавноста дека правдата сè уште не е задоволена и дека одговорност мора да има.

Главната расправа за случајот „Пулс“ е закажана за 19 ноември, а семејствата на жртвите најавуваат дека ќе присуствуваат и ќе го следат судскиот процес внимателно. Тие повторно апелираат до судските органи процесот да се води транспарентно и без одлагања, со единствена цел – да се расветли вистината за трагедијата што ја зави во црно десет македонски семејства.

CATEGORIES
TAGS
Share This