РУСКИОТ ИСТРАЖЕН КОМИТЕТ ПОТВРДИ Вештачката интелигенција помогна во разрешување на убиствата на Дарја Дугина
Инаку, Дугин во 2018 година како гостин ан Единствена Македонија одржа голема трибина во Скопје каде ја изрази својата подршка за одбрана на македонското име и идентитет.

Вештачката интелигенција одигра клучна улога во расветлувањето на убиствата на новинарката Дарја Дугина, соопшти претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александар Бастрикин.
Говорејќи на XIII меѓународен правен форум што се одржа во Санкт Петербург, Бастрикин истакна дека алгоритмите за вештачка интелигенција значително придонеле во истражните процеси, овозможувајќи побрзо и поефикасно идентификување на осомничените и анализирање на големи количини на податоци. Претседателот на Истражниот комитет додаде дека оваа технологија ќе продолжи да игра сè поголема улога во безбедносните и правосудните процеси на Русија.
Дарја Дугина, ќерка на познатиот руски филозоф Александар Дугин, беше убиена на 20 август 2022 година. Во автомобилот кој експлодира од поставена бомба требало да биде и самиот Дугин, но во последен момент влегол во друг автомобил, па, постои сомнеж дека всушност тој бил цел на нападот. Трагедијата се случила после одржаното предавање на Дугин на фестивалот Традиција каде почестен гостин била и неговата ќерка Дарија, политички аналитичар на Меѓународното евроазиско движење, на чие чело е нејзиниот татко.
Руските власти ја обвинија украинската разузнавачка служба за организирање на нападот.
Инаку, Александар Дугин во 2018 година како гостин на Единствена Македонија одржа голема трибина во Скопје каде ја изрази својата подршка за одбрана на македонското име и идентитет.



