РУСИЈА СО ШОКАНТНА ПОРАКА – Подготвени сме да му дадеме нуклеарно оружје на Иран

РУСИЈА СО ШОКАНТНА ПОРАКА – Подготвени сме да му дадеме нуклеарно оружје на Иран

По американските воздушни напади врз Иран, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, упати силна и загрижувачка порака преку својот канал на Телеграм, во која тврди дека неколку земји се подготвени да го снабдат Техеран со нуклеарно оружје.

„Неколку држави се подготвени директно да го снабдат Иран со нуклеарно оружје“, напиша Медведев, според агенцијата ТАСС.

Тој го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека, наместо да биде миротворец, предизвикал нов конфликт. Според Медведев, постапките на САД и Израел се спротивни на волјата на мнозинството земји во светот.

„Со ваков успех, Трамп никогаш нема да ја добие Нобеловата награда за мир – и покрај сета циничност околу неговата номинација. Добар почеток, честитки, господине претседателе“, изјави иронично Медведев.

Тој предупреди дека нападите само ќе ја зајакнат решеноста на Иран да ја продолжи својата нуклеарна програма, оценувајќи дека клучната инфраструктура не претрпела сериозни оштетувања.

„Што постигнаа Американците со нивниот ноќен напад врз три цели во Иран? Клучната инфраструктура на нуклеарниот циклус, очигледно, остана неоштетена или претрпе минимални оштетувања“, додаде Медведев.

Тој уверено изјави дека збогатувањето на нуклеарни материјали и можноста за идно производство на нуклеарно оружје ќе продолжат.

Од своја страна, претседателот Трамп рано утрово објави дека САД извршиле успешен напад врз три постројки за збогатување ураниум во Иран – Фордо, Натанц и Исфахан и дека сите три се „целосно уништени“. Според него, станува збор за „спектакуларен воен успех“, јавува Би-Би-Си.

Ситуацијата продолжува да се развива со сериозни импликации врз регионалната и глобалната безбедност.

CATEGORIES
TAGS
Share This