РУБЕН ГАРАБАЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР Звонко Шундовски ќе го води тимот

Поразот од Алкалоид ја одреди судбината на Гарабаја во Еурофарм Пелистер

РУБЕН ГАРАБАЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР Звонко Шундовски ќе го води тимот
Фото: Принтскрин

Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, се раздели со својот тренер, Шпанецот Рубен Гарабаја, кој поднесе оставка, а клубот ја прифати. Договорот беше раскинат пред истекот, а клубот наскоро ќе назначи ново раководство на клупата.

„По натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка. Очекував реакција во Загреб, но откако таа не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека моето заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари со кои имав одличен однос и им посакувам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност и до клубот за ова искуство и многу среќа во иднина“, изјави Гарабаја.

Шпанскиот тренер успеа да го освои Супер купот со Еурофарм Пелистер.

До крајот на сезоната, негово место ќе го заземе спортскиот директор Звонко Шундовски. Попладнево, Еурофарм Пелистер го игра следниот натпревар од домашното првенство како гостин против Струга, а за средина на следната недела е закажано дербито со Вардар на домашен терен.

CATEGORIES
Share This