РОКАС НЕ ПОТСЕТИ – Мора да го смените Уставот ако сакате преговори со ЕУ

Амбасадорот Михалис Рокас порача дека преговарачката рамка е веќе усвоена и дека ЕУ е подготвена за брз почеток на пристапните преговори

РОКАС НЕ ПОТСЕТИ – Мора да го смените Уставот ако сакате преговори со ЕУ
Фото: Национал

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас уште еднаш потсетува дека Макеоднија мора да го смени уставот за да почнат пристапните преговори со ЕУ.

„Ставот на Европската Унија олстанува недвосмислен и веќе постои преговарачка рамка која едногласно ја усвоија сите земји-членки. Доколку преземените обврски бидат исполнети, ЕУ е подготвена во краток рок да ги започне пристапните преговори. Подготвени сме за тоа и сметам дека нема потреба од понатамошно одложување, туку треба да се направи овој клучен чекор за продолжување на процесот“ – изјави амбасадорот Рокас.

Тој нагласи дека Европската Унија е свесна за разочарувањата кај македонските граѓани во долгогодишниот процес на евроинтеграција, но потенцираше дека Брисел и понатаму останува сигурен и посветен партнер на земјата.

CATEGORIES
Share This