РИПНАЛА ОД МОСТОТ КАЈ ВЛАЕ Полицијата спаси жена од реката Вардар

РИПНАЛА ОД МОСТОТ КАЈ ВЛАЕ Полицијата спаси жена од реката Вардар

На 16 август 2025 година, околу 14 часот, во СВР Скопје беше пријавено дека во реката Вардар, под мостот на улицата “Војвода Васил Чакаларов”, се наоѓа женско лице. По добиената информација, полициските службеници од ПС Карпош веднаш реагираа и се упатија на местото на настанот.

По пристигнувањето, полицијата утврдила дека жената дава знаци на живот. Со брза интервенција, полициските службеници успеале да ја извлечат од реката. По спасувањето, таа била пренесена со Итна медицинска помош во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде што ѝ била укажана потребната медицинска помош.

CATEGORIES
Share This