РОДИТЕЛИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ Владата во вторник носи одлука за „училишната кошничка“

Ранци, тетратки, моливи, прибор за ликовно и техничко – што ќе поевтини пред почетокот на новата учебна година?

РОДИТЕЛИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ Владата во вторник носи одлука за „училишната кошничка“
Фото: Принтскрин

Владата во вторник на седница ќе донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор и материјалите што родителите ги купуваат за своите деца пред почетокот на учебната година.

Станува збор за производи како ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, како и материјали за ликовно и техничко образование и блокови.

На товарот за набавка на овие материјали се надоврзува и фактот што, иако државата обезбедува бесплатни учебници, дел од општините дополнително обезбедуваат таблети и униформи. За првачињата, во некои општини се обезбедуваат и ранчиња со училишен прибор.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека и годинава ќе има мерка за „училишна кошничка“.

„Да, ќе има и во вторник на владина седница ќе донесеме одлука“, рече Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали мерката ќе продолжи и оваа година.

CATEGORIES
TAGS
Share This