РЕВОЛУЦИЈА ВО УЧИЛИШТАТА – Едносменско работење, нови матури и модерна инфраструктура
Преку консултации со над 5000 граѓани, МОН креира нови правила за училиштата.

Министерството за образование и наука (МОН) објави дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзино спроведување.
Стратегијата е подготвувана во текот на изминатите месеци преку широка и инклузивна дискусија, со учество на бројни домашни и меѓународни чинители, меѓу кои: Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори и претставници на невладиниот сектор.
Работната група ја сочинуваа над 100 членови номинирани од клучните засегнати страни. Во рамките на процесот беа организирани четири национални конференции со повеќе од 500 учесници, а експертите спроведоа консултации со над 5.000 испитаници, соопшти МОН.
Документот се фокусира на:
- Развој на нова програма за предучилишно образование;
- Зголемена инклузија во основното и средното образование;
- Воведување нови модели за финансирање на училиштата;
- Подобрување на училиштната инфраструктура и оптимизација на училишната мрежа со воведување едносменска работа;
- Примена на нов концепт за матурските испити;
- Развој и промоција на неформалното образование;
- Нови законски решенија во високото образование и науката.


