РЕВОЛУЦИЈА ВО МАКЕДОНСКАТА МЕДИЦИНА: Роботски систем ExcelsiusGPS пристигна во земјава

Технологијата овозможува комбинација од роботска рака и навигација во реално време, што им помага на хирургот и медицинскиот тим да ги изведуваат операциите побрзо, побезбедно и со минимален ризик.

РЕВОЛУЦИЈА ВО МАКЕДОНСКАТА МЕДИЦИНА: Роботски систем ExcelsiusGPS пристигна во земјава

На Клиниката за трауматологија денеска беше претставена револуционерна медицинска технологија која веќе го менува начинот на изведување операции ширум светот. Станува збор за ExcelsiusGPS™️, првиот и единствен роботски навигациски систем кој овозможува извонредно прецизни хируршки зафати на ‘рбетниот столб и мозокот.

Оваа иновативна платформа, развиена од Глобус Медикал, водечки светски производител на медицински уреди, сега за првпат станува достапна и во регионот. Технологијата овозможува комбинација од роботска рака и навигација во реално време, што им помага на хирургот и медицинскиот тим да ги изведуваат операциите побрзо, побезбедно и со минимален ризик.

„Ова е историски момент за македонското здравство. Со ваква опрема не само што се подобрува квалитетот на хируршките интервенции, туку значително се подобруваат условите за закрепнување на пациентите“, изјави д-р Игор Мерџаноски, кој ја предводеше презентацијата на Клиниката.

ExcelsiusGPS™️ се користи во врвни медицински центри низ САД, Европа и Азија, а сега и македонските пациенти ќе имаат пристап до третман според највисоки светски стандарди – со помала болка, побрзо заздравување и пократок престој во болница.

Глобус Медикал најави дека ќе организира бесплатни обуки за хирурзи и медицински персонал, како и јавни презентации за граѓаните. Отворени се и за соработка со државни и приватни болници, како и со медицински факултети и истражувачки институции.

Со воведувањето на ExcelsiusGPS™️, македонското здравство влегува во нова ера на дигитална прецизност и подобрена грижа за пациентите.

CATEGORIES
Share This